УФЦ нема да го тужи Конор Мек Грегор (ВИДЕО)

УФЦ нема да го тужи својот поранешен шампион во лесна категорија Конор Мек Грегор.

Ирецот во пресрет на УФЦ 223 во Баркли центарот во Њујорк со неговата придружба предизвика хаос напаѓајќи автобуси со борци. Мајкл Киеза се здоби со исеченици од скршеното стакло во немирите и не можеше да се бори со Ентони Петис.

Мек Грегор го бараше Хабиб Нурмагомедов којн а настанот го победи Ал Јакинта и стана новиот шампион во категоријата до 70 килограми.

„Разговаравме вчера. Се е во ред. Мислам дека меѓу нас постои взаемно почитување“, рече претседателот на УФЦ, Дана Вајт, на прес-конференцијата по настанот.

„Толку многу работи паднаа на викендов, тоа беше лудило. Подоцна ќе се фокусираме на Конор. Овде го соборивме рекордот и ППГ беше сјаен, така што беше одлично“.

На прашањето дали планира да го тужи Конор Мек Грегор поради предивиканата штета, Вајт кратко одговори – не. Ирциот ќе одговора пред судот во Њујорк за извршените престапи.

Рече дека разговарале со Мек Грегор за неговата следна борба.

„Разговаравме околу тоа да се борит во септември. Но, не знам. Не можете ништо да ме прашате во врска со Конор. Не знам ништо во врска со Конор. Не сум размислувал за Конор. Луѓето велат дека ова е лошо за спортот и е, но во други спортови се случуваат многу полоши работи“.

Вајт претходно соопшти дека постапката на Мек Грегор е најодвратното нешто што се случило во историјата на УФЦ. Но, настанот имаше одличен резултат. Во живо го гледаа 17.026 гледачи, а приходот од влезниците е нешто над 3 милиони долари.

Самиот избор на учесниците за борбата за титулата беше многу контроверзен. По повредата првично планираниот противник, привремениот шампион Тони Фергусон, потоа и замената Макс Холовеј, организацијата во еден ден отиде од Ентони Петис до Пол Фелдер, на крајот да борбата за титулата да му ја даде на Ал Јакинта, кој, покрај тоа, не задоволи на мерењето.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО