Калед Сименс одржа џудо семинар во Скопје (ФОТО)

Продолжи циклусот на заеднички тренинзи и стручни семинари на џудо клубовите во Македонија, а денеска домаќин беше Ипон од Скопје, под раководство на мајсторот од Англоија Калед Сименс, мајсторски појас 5 дан.

Целта на семинарот е подготовка од техничко-тактички аспект со цел промена и прилагодување на различни партнери – членови од клубовите учесници.

„Практично, со ова продолжи праксата на заеднички семинари и тренинзи меѓу поголемиот дел од клубовите, со единствена цел унапредување на џудото во Македонија и постигнување на повисоки спортски резултати. Во идниот период се очекува продолжување на соработката и зголемување на клубовите на овие настани и организација на џудо семинари со други странски експерти“, истакнуваат од овие клубови.

На семинарот учествува осум клубови со околу 100 џудисти од: Ипон, Работнички, Кастриоти, и Супер џудо, Пролетер, Сеишин, Бушидо и Чурин.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО