Ранет е телохранителот на Мејведер, уследила драмитчна автомобилска потера

Телохранителот на Флојд Мејведер е ранет со куршум од огнено оружје пред хотелот во Атланта.

Придружбата на Мејведер е дочекана во заседа пред хотелот раните утрински часови во понеделникот, откако се враќала од блискиот клуб.

Од полицијата велат дека „ е можно Мејведер да бил во едно од другите возила и не е повреден“.

Портпаролот на полицијата во Атланта изјави дека лица од возило нападнале три автомобили, вклучувајќи го и оној за кој се верува дека во него бил и Мејведер.

Боксерската колона од автомобили се оддалечила по пукањето. Напаѓачите тргнале да ги следат, но конвојот успеал да избега пред да стигне до блиската болница.

Не е познато дали познатиот боксер бил цел на нападот, но полицијата вели дека нападот бил планиран.

„Возилото застана покрај нив на раскрсницата и од него се испукани неколку куршуми во едно од возилата. Откако успеале да избегаат, возилото во кое се наоѓала жртвата пристигнала во болницата Грејди каде што на жртвата ранета во ногата и е укажана помош и се наоѓа во стабилна состојба“, изјави полициски извор за ТМЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО