УФЦ пуштија страотно промо-видео пред УФЦ 251 на борбениот остров (ВИДЕО)

Најголемата ММА организација во светот, УФЦ, уште еднаш докажа дека се најголемите во играта. Дана Вајт беше првиот кој почна да прави настани за време на пандемијата на Ковид-19. Вајт тоа го стори минатиот месец и не застана со интересните гала вечери. За жал, поради ограничувањата, меѓународните борци не можеа да учествуваат во настаните, но Вајт го осмисли и тоа.

Тој изнајми сала на островот Јас во Абу Даби и првиот настан на борбениот остров ќе се случи на 11 јули. Тогаш ќе бидеме сведоци на УФЦ 251 на кој ќе има три борби за титулите во различни категории. Главниот меч ќе биде меѓу Камару Усман и Гилберт Барнс за појасот во лесна категорија. Останатите две ќе бидат за титулите во перо и во петел категоирја.

Ова големото промо-видео пред настаните на борбениот остров.

https://www.youtube.com/watch?v=5I309uumP0A&feature=emb_logo

Главни борби:
Камару Усман – Гилберт Барнс
Александар Волкановски – Макс Холовеј
Петр Јан – Жозе Алдо
Џесика Андраде – Роуз Намахунас
Аманда Рибас – Пејџ ван Зант

Прелиминарни:
Волкан Оездемир – Јиржи Прохаска
Елисеу Залески дос Сантос – Муслим Салихов
Макван Амиркани – Дани Хенри
Леонардо Сантос – Роман Богатов

Рани прелиминарни борби:
Марцин Тибура – Александар Романов
Раулијан Паива – Жалгас Жумагулов
Карол Роса – Ванеса Мело
Мартин Деј – Дејви Грант

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО