Џонс ќе боксира со Мајк Тајсон, но сака и ММА меч и ветува дека нема ништо да му скрши

Џон Џонс е подготвен да влезе во рингот со легендарниот Мајк Тајсон.

Пред неколку дена Тајсон во интервју рече дека борците на УФЦ никогаш нема да ги заработат парите што ги прават боксерите. Мајк рече дека Џон Џонс треба да боксира со него ако сака да заработи многу пари, како што го направи тоа Конор Мек Грегор, кој боксираше со Флојд Мејведер.

Во последните неколку недели има многу тензии меѓу Џонс и УФЦ, бидејќи тој не е задоволен од платите што му ги даваат. Очигледно, интервјуто на Тајсон го привлече вниманието на Џон Џонс и рече дека е подготвен да боксира со Тајсон, но само ако се борат и во кафезот.

„Го слушам Мајк Тајсон. Ќе боксирам со тебе во рингот, ако ми ветиш дека после тоа ќе ми дадеш вистинска борба во кафезот. И затоа што многу те почитувам, ти ветувам дека нема ништо да ти скршам“, напиша Џонс на социјалните мрежи.

Тајсон одби скоро 20 милиони долари да се бори со голи раце во БКФЦ. Минимални се шансите да се согласи за ММА борба со еден од најголемите во историјата.

https://www.instagram.com/p/CBs7BbsJQw1/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CBsZtB1J5VE/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО