Тужбеното дело меѓу Поветкин и Вајлдер се разгледува оваа недела

Vajlder povetkin plakat

Една од двете тужби меѓу Александар Поветкин и Дионтеј Вајлдер ќе биде разгледана оваа недела од жири, соопшти „Боксингсен“ повикувајќи се на агенцијата „Тас“.

Се очекува најдоцна во петок да има решение по тужбата на Андреј Рјабински против Американецот и неговите промотори. Рускиот бизнисмен, кој го претставува Поветкин, поднесе тужба за 34,5 милиони долари. Тој претендира на таа сума откако Вајлдер одби да се бори со Поветкин, поради позитивен допинг тест на Русинот.

Нивната средба требаше да се одржи на 21 мај. Дуелот пропадна откако во тестот на Поветкин беа откриени траги од скандалозниот препарат мелдониум. Истрагата на Светскиот боксерски совет констатираше дека Русинот не земал намерно допинг.

Вајлдер и неговите адвокати, исто поднесоа барање за загуба на добивката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО