Топ 10 борци на 90-тите години кои владееја со ММА сцената

Rojs Grejsi Don severn

Денеска во светот на слободните борби владеат нови лица, а како потсетник на старите времиња ни дојде листата со десетте најдобри борци на 90-тите години. Имињата кои се наоѓаат на листата се избрани од угледниот боречки портал Sherdog.com, за кои имиња станува збор можете да видите понатаму во статијата.

Листата ја сочинуваат најдобрите и највлијателните борци од тоа време, а на неа може да се најдат само они кои своето деби го создавале до 1996 година или имаат учествувано на минимум 10 борби од таа деценија.

Да почнеме со ред:

  1. Дон Фрај– Најпознатиот мустаќ во слободните борби дебитираше во 1996 година и го освои УФЦ/ The Ultimate Ultimate 2 турнирот, а беше и финалист на УФЦ 10. Неговиот нокаут над Томас Рамирез во тоа време беше најбрзиот во историјата на УФЦ (8 секунди). Во текот на 90-те години оствари скор од 11 победи и само еден пораз, а ни една од тие борби не дочека судска одлука.
  2. Казуши Сакураба– Јапонската легенда исто така дебитираше во 1996 година. Сакурабат во текот на карерата победи четири членови на семејството Грејси ( Ројлер, Ренцо, Рјан и Ројс) и поради тоа го носи прекарот „The Gracie Killer” или како некои сакаат да го наречат „The Gracie Hunter. Поголемиот дел од кариерата ја помина во големиот Прајд, а во текот на 90-те оствари скор од 7-1-1.
  3. Дан Северн– Дебитираше во 1994 година на УФЦ 4 . Во текот на 90-те одработи дури 41 борба со 35 победи (35-3-3). Го освои УФЦ 5 и Ултимејт Ултимејт 95 турнирот и е петтиот борец во историјата кој е приклучен во Kуќата на славните на УФЦ.
  4. Игор Вовчанчин– Најпознат е по настапите во јапонскиот Прајд. Помеѓу 28 јануари 1996 и 4 јули 1999 година оствари неверојатни 32 последователни победи.
  5. Бас Рутен– Денеска угледениот коментатор и аналитичар во текот на 90-те години беше еден од најпознатите борци. Во средината на 1999 година го освои УФЦ појасот во тешка категорија, а од истиот се ослободи за да се спушти во пониска тежинска категорија. Во текот на кариерата го победија само три борци – Масакцу Фунаки, Франк  и Френк Шемрок.
  6. Марк Колеман– Е најпознат по „граун енд паунд“ техниките. Колеман ги освои турнирите на УФЦ 10 и на УФЦ 11, а стана и прв шампион на УФЦ во тешка категорија (УФц 12).
  7. Пет Милетич– Шердог Бреин Канп одлично го опиша Милетич како борец чии отпечатоци останаа по целото модерно ММА. „Кроацијан сензејшн“ на ММА светот му се претстави во 1995 година и славеше во првите 15 настапи. Во текот на 90-те забележа 25 победи, 2 порази и две нерешени средби. Го освои УФЦ 16 во велтер категорија, а првак во истата категорија станува во октомври 1998 година. Титулата ја губи во 2001 година во двобојот со Карлос Њутон, а се повлече со победа над Томас Дени во 2008 година.
  8. Кен Шемрок– Два пати го совлада легендарниот Рас Рутен и го носеше прекарот „The World’s Most Dangerous Man. Познат е и по своето ривалство со Ројс Грејси, а стана и прв УФц Суперфајт првак. Во текот на 90-те оствари 23 победи со 5 порази и две неодлучени средби.
  9. Френк Шамрок– Прв првак во историјата на УФц во средна категорија (покасно претворена во полутешка) до појасот стигна за 16 секунди, кои беа доволни за да го совлада Кевин Џексон со лост на раката. Титулата успешно ја бранеше во текот на целата УФЦ кариера која ја заврши со победа над Тито Ортиз (УФЦ 22).
  10. Ројс Грејси– Вистински пионер во спортот и човек кој ги обележа првите денови во УФЦ и го популаризираше бразилското џиу џицу. Ројс ги освои УФЦ 1, УФЦ 2 и УФЦ 4, а кариерата ја отвори со 14 победи во низа со сабмишн (најдолгата низа во историјата на УФЦ). Неговиот неодлучен меч со Кен Шемрок траеше 36 минути и е најдолг во историјата на промоцијата. Во ноември 2003 година стана првиот член на Куќата на славните на УФЦ.

На видеото подолу можете да ги видите првите борби од денеска светската и најпозната УФЦ промоција.

https://youtu.be/Hpw5pgjcuU4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО