Мек Грегор: Ако бројките се во ред, ќе се борам со Андерсон Силва

Mek Gregor so trenerot

Андерсон Силва неодамна изјави дека би бил среќен да се бори со Конор Мек Грегор.

Иако на тие изјави се гелдаше малку со подсмев, бидејќии Силва беше шампион во средна категорија и се бореше и во полутешка категорија, Ирецот не одбива предизвик – ако цифрите се во ред.

Ноториус во кариерата се борел во најголема тежина од 77 килограми.

Силва овој викенд го чека дуелот со Дерек Брансон на УФЦ 208, а Мек Грегор го предизвика од почит кон неговиот стил.

„Многу го почитувам Конор Мек Грегор, бидејќи овој човек промени се во УФЦ. Го почитувам и неговиот стил. Мислам дека тој е голем предизвик за моите боречки вештини“, рече Спајдер.

„Не го предизвикав од непочитување. Тоа е предизвик за мене и за најдобра борба во стој. Јас го почитувам Конор и мислам дека тоа ќе направиме одлично шоу. Тоа ќе биде голема борба за остатокот од мојот живот и мојата кариера во УФЦ“, вели 41- годишниот Бразилец.

Мек Грегор последен пат се бореше во ноември кога со победата над Еди Алварез стана шампион во лесна категорија и прв борец во историјата на УФЦ кој истовремено ги држеше титулите во две тежински категории. Моментално работи на договарање на борба со Флојд Мејведер.

Секогаш тврдеше дека подготвен да се бори против кого било за вистински пари. Додека оваа борба не делува реално во овој момент, Мек Грегор не одбива предизвик.

„Кој ги ебе сите нив. Дали го видовте Андерсон Силва? Дали видовте што зборува тој? Постојано го псомнува моето име. Видете, ќе се борам со секој од нив. Нека бројките бидат во ред и ситуацијата нека биде поволна. Ќе се борам против секого од нив било  кога“, изјави Ирецот во неодманешното пеј-пер-вју интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО