Карате федерацијата доби 1,4 милиони, Таеквондо федерацијата 740.000 денари од АСМ

ams-logo

Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на сметката доби 1,4 милиони денари од новата давачка на обложувалниците и автомат-клубовите во насока за поддршка на македонскиот спорт. Македонската таеквондо федерација  740.000 денари, а најмногу се офајдија Автомобилистичката федерација на Македонија на чело со нашиот најдобар возач, Игор Стефановски – Иџе, доби два ипол милиони денари.

kfm logoПо стапувањето на сила на законот за игрите на среќа и други забавни игри кон крајот на минатата година се собрани 28 милиони денари. Со тоа, буџетот на Агенцијата за Млади и Спорт беше дополнително зголемен а со тоа беше направена и првата распределба на финансиите. Дел од овие финансии, односно 6.6 милиони денари беа распределени за РФМ уште на почетокот од оваа година, поради настапот на нашата селекција на СП во Франција, како и организацијата на квалификациите за јуниорско СП во Скопје.

Вкупно собрани се околу 28 милиони денари кои се распределени на 40 спортски федерации. Дајголем дел од овие финансии, односно 2.5 милиони денари се префрлени на сметката на автомобилската федерација на Македонија. Пред сè тука се мисли на нашиот најдобар возач Игор Стефановски – Иџе, за неговите потреби во ЕТЦЦ шампионатот.

taekvondo-reprezentativcite-vo-asm-po-bp-2016

Зад Иџе следуваше кошаркарската федерација, која на своето конто доби 1.8 милиони денари. Трето на оваа листа се најде каратето (1.4 милиони евра). На сметките на Ракометната и на кајак федерацијата легнаа по 1.2 милиони евра. Одбојкарската федерација, пак, ќе биде „освежена” со 800 илјади денари.

Два милиони денари ќе добие и федерацијата на училишни спортови.

Ова е првата ваква исплата по стапувањето на сила на законот за игрите на среќа, кои што ќе мораат три проценти од својата заработка да ги вложуваат во македонскиот спорт.

Покрај овие средства, спортските федерации, кои аплицирале на Огласот на АМС ќе бидат финанисрани и со редовните средства преку Програмата за развој на спорт и млади и Програмата за поддршка на нациналните спортски федерации за проекти со АМС за унапредување на спортот во Република Македонија.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО