Тројца светски шампиони на турнирот на Светската боксерска супер серија

Објавени се првите имиња на учесниците за турнирот на Светската боксерска супер серија.

Тоа се шампионот на ИБФ во крузер категорија Русинот Мурат Гасиев (24-0, 17 КО), ВБЦ шампионот од Латвија Маирис Бриедис (22-0, 18 КО) и поранешниот двократен светски шампион во леснотешка категорија и првиот предизвикувач по ИБФ, Полјакот Кртиштоф Волдарчик (53-3-1, 37 КО).

Беиедисs е непоразен во професионалната кариера, но загуби од Ивица Бачурин на Бигерс бетер турнирот кој не влегува во професионалниот скор. Во април против Марко Хук ја освои ВБЦ титулата во крузер категорија која претходно ја испразни Тони Белју откако го победи Дејвид Хеј во тешка категорија.

Првиот дел од сезоната на Светската боксерска супер серија ги носи турнирите во крузер и супер средна категорија.

Во секоја категорија осум боксери се борат на елиминациски турнир. Првите четвртинфиналиња се одржуваат во септември и октомври. Полуфиналињата се закажани за почетокот на 2018 година и финалето во мај следната година.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО