Ковалев: Минатиот пат судиите му ги даруваа моите појаси на Ворд, не можам да се потпрам на нив…

Реваншот за титулите на ИБФ, ВБО и ВБА федерациите меѓу Андреа Ворд и Сергеј Ковалев ќе одржи на 17 јуни во Лас Вегас.

Од тимот на Ворд пред неколку дена објавија информација дека тренерот на Русинот, Џон Дејвид Џексон, се обидел да и приклучи пред реваншот и да го напушти Ковалев.

Другата страна тврди дека тимот на Ворд контактирал со тренерот и на тоа гледа како ниско подметнување за да му влезе во главата на Ковалев пред почетокот на мечот, како и изјавите на Американецот пред реваншот дека би можел да се пензионира.

„Кога го објавија побеникот на нашата прва борба не можев да верувам во тоа. Се чувствував како во лош сон. Верувам дека победив во таа борба. Но, колку и да сакам да го променам тоа што се случи, знам дека не можам“, рече Ковалев.

„Морав да го прифатам она што се случи и сега сум уште повеќе решен да направам се што е во моја моќ за да не и ја препуштам одлуката на судиите. Минатиот пат на судиите му ги даруваа моите појаси. Не може да се потпрам на судиите дека вториот пат добро ќе си ја одработат работата. Ќе си ги вратам моите појаси. Морам или да го нокаутирам или да го победам на многу убедлив начин“.

„Синот Божји“ би сакал да му врати на Русинот за претрпениот нодаун во почетокот на првиот меч.

„Како спортист сакам да му вратам за оној нокдаун. Како спортист, дефинитивно сакам победа. Но, што се однесува до медиумите тоа не ме интересира. Некои новинари мислеа дека победив јас, но за нив не се зборува многу. Сакам да го отстранам секое сомневање, но за нив многу не се зборува. Тоа е секогаш копнее во мене, јас го носам насекаде“, вели Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО