Шлеменко во реваншот за 25 секунди го нокаутира Халсеј, пораз на Пешиќ (ВИДЕО)

Александар Шлеменко (56-9-1 НЦ) во реваншот во Санкт Петербург за 25 секунди го нокаутира Брендон Халсеј (9-3).

Станува збор за пресметка на поранешни шампиони на Белатор во средна категорија. 30-годишниот Американски го освои појасот токму против Шлеменко со давење за 35 секунди во септември 2014 година.

Во реваншот во Русија на М-1 Челинџ 79, „Сторм“ со првиот удар, со среден ножен удар, го здрма противникот и го заврши со удари на партер.

Српскиот велтераш Драган Пешиќ (13-8) е поразен со хил хук во првата рунда на Хамзат Далгиев (9-1).

https://twitter.com/Jolassanda/status/870360230860922881

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО