Тројца браќа Рустемови одат на три победи во Регионалната бокс лига во Марибор

Во 5.коло од Регионалната бокс лига што ќе се одржи викендов во Марибор, Словенија, за Вардар ќе настапат тројцата браќа Рустемови, нешто што одамна не е забележано во боксот.

„Нашето следно коло од Регионалната бокс лига ќе се одржи во Марибор, Словенија. Од ова коло се приклучва и третиот брат Адријан Рустемовски. Со Господ Бог напред одиме на три Победи“. И секоја помош ние добродојдена“, напиша на социјалните мрежи тренерот Јове Петровски.

Регионална бокс лига 5.коло:

Младиници
57 кг Ардијан Рустемов – Петар Средојевиќ (Славија)
60 кг Руждија Рустемов – Анел Рахимиќ (Славија)
63,5 кг Енис Алиу – Владимир Бериша (Сомбор)

Сеиниори
57 кг Дамир Азизовски (Марибор) – Ален Рустемов
75 кг Един Сејдиновиќ (Марибор) – Ајхан Озем

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО