Три топ имиња се на списокот на Џошуа по борбата со Френклин

Ентони Џошуа планира брзо да се врати во шампионските битки, откако ќе се соочи со Џермејн Френклин на 1 април во неговата прва борба без титула од 2017 година.

Неговиот промотор Еди Херн за Ток спорт изјави дека Дилиен Вајт, Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер се на листата на потенцијални противници на Еј Џеј.

Преговорите со „Џипси Кинг“ и „Бронзениот бомбардер“ веќе неколкупати пропаднаа низ годините, но сега Британецот се насочи кон враќање на статусот број 1 и таквите натпревари се задолжителни.

Со Собирачот на трупови веќе ја имаше својата спектакуларна борба. Во 2015 година се бореа за британската титула во еден од најдинамичните боксерски мечеви во историјата на кралството. Тоа би го направило реваншот особено интригантен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО