Тренерот што го нападна неговиот боксер: Ќе го убиев, ако му вратeв!

Случката во салата во софиската сала „Арена Армеец“ кога грузискиот боксер Леван Шонија го нападна својот тренер Алексеј Кособоковс беше на страниците и на најтиражните списанија во светот како Сан, Билд, Њујорк пост и стана тотален хит на социјалните мрежи.

По завршувањето на последната шеста рунда на мечот со Спас Генов, Шонија не сакаше да ги симне ракавиците. Тргна да се пресметува со Бугаринот. Неговите секунди се обидоа да го смират. Гневниот Грузиец се сврте и почна да мава по Кособоковс.

„Ми скокна, бидејќи сакаше и јас да му се приклучам на него, за даго нападнеме бугарскиот боксер и нивниот тренер“, раскажа за „Бугарија денес“ Летонецот кој е поранешен професионален боксер во тешка категорија и додаде: „Се откажав. Тргнав да го смирувам. Му објаснив дека може да го дисквалификуваат и да не му платат поради неговата реакција. Тој крена рака на мене. Му вратив со отворена рака. Ако го удрев, ќе го убиев“.

Кособоковс објасни дека средбата првично била закажана во осум рунди. Неколку часа пред борбата организаторите направиле промена во 6, за да може да биде дел од телевизиските средби.

„Леван знаеше за тоа. Се согласи. Реално, доби пари за меч од осум рунди, а се бореше само шест. Ги загуби првите четири рунди. Петтата беше нерешена, а шестата беше за него. Објаснувајќи му дека треба да е поагресивен. Прими многу удари. Можеше да победи само со сила, бидејќи Бугаринот Генов беше технички по поткован. Кога ги зеде парите се смири. И благодарам на организаторите што беа присебни“, рече Кособоковс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО