Тренерот на Головкин: Парите го променија Канело

Тренерот на казахстанската боксерска машина во средна категорија Генади Головкин – Абел Санчез го нападна Сол Алварез – Канело.

Тие ќе се борат на 16 септември во реванш меч, бидејќи првиот заврши нерешено.

„Пред 6-7 години Алварез беше во мојата сала. Направи три тренинг кампа. Тогаш беше друг човек. Скромно и пријатно момче. Сега парите го променија. Добар боксер е и прави многу работи за спортот во Мексико, но однесувањето му штети на неговата репутација“,- рече Абел Санчез.

https://youtu.be/rx6iOqqRhrI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО