Карате репрезентацијата отпатува на Медитеранските игри (ФОТО)

Македонските каратисти отпатуваа на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Нивните натпревари се на 23 и 24 јуни.

Тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски за Шпанија ги поведе:
Емил Павлов
Ненад Келебиќ
Берат Јакупи
Жарко Арсовски
Ангела Мојсовска
Симона Заборска

Емил Павлов патува како европски првак во категоријата до 60 килограми, но и Берат Јакупи и Жарко Арсовски се со медали од европските, односно светските првенства, Ненад Ќелебиќ е во подем, додека Симона Заборска е во европскиот врв, а Ангела Мојсовска со најголема прогресија во последната година. Таа на ЕП за малку не освои медал и на крајот го освои петото место

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО