Тони Белју верува дека Тајсон Фјури го смета за сериозна опасност

Тони Белју во мај забележа победа против Дејвид Хеј, а потоа се сврте кон Тајсон Фјури – уште едно големо име во боксерските кругови, кое неодамна се врати во рингот.

Поранешниот шампион на ВБЦ е свесен за предностите на Фјури, но сепак е уверен дека ќе може да извојува и втора победа.

„Јас сум сериозна закана за Тајсон“.

„Сигурен сум дека мислел оти сум лесен противник пред да види што направив со Дејвид Хеј, а потоа сигурно се премислил“.

„Никој не му го направил тоа на Хеј што успеав јас. Здраво го намавав и ја добив средбата на брутален начин. Никој не го направил тоа“.

„Успеав два пати да се докажам против него“.

„Ако имаме меч со Фјури, ќе бидам брз и безмилосен – исто како што бев против Хеј во реваншот“.

Белју воопшто не е импресиониран од изведбата на Фјури против Сефер Сефери и смета дека 29-годишниот боксер воопшто не е подготвен.

Фјури очекува да се врати во рингот во август, а Белју го повика да се обиде со посериозен противник.

„Тоа беше циркус, а противникот беше смешен, но речиси три години беше отсустен-дозволено му е да има таков настап“.

„И вториот противник да не е таков. Не велам дека треба да се бори со некој од топ 10, но барем нека е против некој што го знаеме“.

„Се чинеше дека Сефери е симнат од планина – немаше поим каде се наоѓа“.

„Среќен сум што Тајсон сповторно е во игра. Мило ми е што успеа да си го среди животот – тој е добар човек. Ми се допаѓа. Не ме сфаќајте погрешно, со ракавици директно би го гаѓал во главата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО