Тони Белју: Ова е дефинитивно крај за мене (ВИДЕО)

Тони Белју (30-3-1, 20 KO) потврди дека борбата против Александар Усик (16-0, 12 KO) му е последна во неговата кариера.

Белју синоќа беше нокаутиран од Усик на „Манчестер арена“ во Манчестер во дуел за светските титули на ВБА, ВБЦ, ВБО и ИБФ и на магазинот Ринг во лесно-тешка категорија.

„Тој е одличен шампион. Најголемиот, најголем боксер со кој се сретнав во рингот. Му посакувам величина! Само почит кон него. Кој и да се соочи со него ќе има многу проблеми. Тој ќе ги победи најдобрите. Не го исвиркувајте! Усик ме победи. Тој е одличен, одличен боксер!“, изјави Тони Бејлу веднаш по поразот.

„Да, ова е најголемиот меч во мојата кариера. Овој човек ( Еди Херн) беше огромен дел од сè. Остана со мене, веруваше во мене.

Благодарам Еди, постојано си со мене. Имавме падови, имавме и подеми. Се обидов да бидам најдобар. Јас сум боксер од светска класа, но тоа е разликата меѓу светската класа и елитното ниво. Дадов се што можев, но не успеав. Дали е ова крај за мене? Да, тоа е дефинитивно крај!“, рече Тони Белју.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО