Скандалозна судиска одлука го следи Маирис Бридис во полуфиналето

Скандалозна судиска одлука го следи Маирис Бридис во полуфиналето во Светската боксерска супер серија за трофејот „Мухамед Али“.

Во четвртфинале од турнирот во полутешка категорија тој го победи Ноел Микаелјан (Германија) на галавечерта во Чикаго (САД).

Латвиецот беше непрепознатлив во рингот.

Тој ретко успеваше да зададе чисти удари.

За сметка на тоа, Микаелјан беше многу побрз и со многу добра одбрана му создаваше огромни проблеми на човекот кој за малку не го победи Александар Усик.

По последниот удар на гонгот тројцата судии беа едногласни. Тоа беше 25-тата победа за Бридис. Микаелјан веќе има 2 порази напроти 23 победи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО