Том Аспинал со прогноза за мечот меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик

Носителот на привремената титула на УФЦ во тешка категорија Том Аспинал ја прогнозираше борбата апсолутен боксерски шампион на светот во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик.

„Александар Усик е лукав боксер. Да, тој е многу добар, но големината и силата на Тајсон Фјури ќе бидат клучниот фактор и тој ќе победи. Добар голем боксер секогаш ќе победи добар мал“, рече Аспинал.

Усик – Фјури ќе се одржи на 18 мај во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО