Том Аспинал: Не би бил изненаден ако Нгану го нокаутира Фјури

Том Аспинал ја коментираше борбата меѓу Френсис Нгану и Тајсон Фјури.

Пред неколку дена и официјално беше објавено дека двајцата ќе се борат на 28 октомври во Ријад, Саудиска Арабија. Фјури нема да ја заложи титулата на ВБЦ, иако борбата нема да биде егзебициска, туку официјален боксерски меч.

„Ромскиот крал“ е огромен фаворит на мечот, но Аспинал не го отпишува Нгану.

„Нгану верува во себе. Ако ја погледнете неговата животна приказна и што постигнал во спортот, тоа е едноставно неверојатно. Ќе заработи многу пари за оваа борба.

Френсис дефинитивно има шанса да победи со среќен удар. Дали мислам дека ќе победи? Не!

Но, јас не би бил изненаден ако Френсис го потфати Тајсон и го нокаутира. Тој има неверојатен удар, иако Тајсон е многу подобар во тоа“, изјави Аспинал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО