Том Аспинал бара од УФЦ да му го одземе појасот на Џон Џонс: Јас и Миочиќ ќе се бориме за титулата

На неодамнешниот настан во Њујорк Том Аспинал го нокаутира Сергеј Павлович за 69 секунди и го освои привремениот шампионски појас на УФЦ во тешка категорија.

Настанот во Медисон сквер гарден требаше да гопредводи борбата за титулата во тешка категорија меѓу шампионот Џон Џонс и Стипе Миочиќ, но Боунс го откажа настапот поради повреда.

А за да не застане тешката категорија, најголемата светска ММА организација им даде можност на Аспинал и Павлович да се борат за појасот, барем за привремениот.

По операцијата Џонс ќе има малку подолго закрепнување. Но, како што е познато дека тој влегува во октагонот само доколку е целосно подготвен и полн со самодоверба, многумина веруваат дека времето на неговото враќање веројатно ќе биде подолго.

„На Џон Џонс треба да му се одземе титулата. Секој што ќе се повреди тешко го губи шампионскиот појас. Не знам зошто уште го има појасот, не ми е јасно. Јас треба да бидам шампион“, истакна Том Аспинал и се осврна на планот на УФЦ да го презакаже мечот меѓу Миочиќ и Џонс:

„Тешко е да се каже, но дали некој веќе зборува за натпреварот меѓу Џонс и Миочиќ? Зошто ни треба таа борба, за наследството? Што е тоа? Дали е тоа меч за шампионскиот појас по кој двајцата ќе се пензионираат“.

Англиски борец кој против Павлович ја извојува 14 победи (11 нокаут) во кариерата има интересен предлог.

„Сакам да се борам против Миочиќ, а потоа сакам да се борам со Џонс. Сите други натпревари се неважни. Престанете да го штитите вашето момче Џон Џонс, натерајте го да си оди. Јас и Стипе ќе се бориме за шампионскиот појас“, изјави Том Аспинал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО