Тимот на Поветкин: Дионтеј Вајлдер не сака да боксира со Поветкин!

alexander povertkin perez

Со сјајната изведба против Мариуш Вах, Александар Поветкин (30-1, 22 КО) го потврди статусот на прв предизвикувач во ВБЦ.

Правакот на таа организација, Дионтеј Вајлдер (35-0, 34 КО), сепак, нема намера во следната одбрана на титулата да се бори со задолжителниот предизвикувач. Американецот побара, а ВБЦ одобри, третата последотвателна доброволна одбрана на титулата под услов Вајлдер потоа да се бори со олимписки победник од Атина.

Според зборвите на тренерот и менаџерот на Вајлдер, Џеј Деас, тимот на Русинот побарал поместување на датумот, за да може Поветкин да се опорави од натпреварот со Вах. Но, од страна на предизвукувачот велат дека не е баш се така.

„На конвенцијата на ВБЦ на Вајлдер му дозволија уште една доброволен одбрана на титулата. Дали тоа значи дека и ние треба во меѓувреме да направиме уште една борба? Јас не мислам така. Мислам дека следниот противник на Александар ќе биде Вајлдер. Судејќи по однесувањето на екипата на Американецот, верувам дека не ја сакаат таа борба. Но, не грижете се, ќе ги чекаме“, рече АндрејРјабински, промоторот на Поветкин.

„Вајлдер само нека боксира, а ние ќе почекаме и потоа ќе пристапиме на преговори. Со 90 отсто сигурност можам да кажам дека борбата ќе се случи во Америка. Мислам дека до неа ќе дојде на лето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО