Најдоброто од Мирко Филиповиќ (ВИДЕО)

crocop fedor haj kik

Мирко Филиповиќ најави повлекување од спортот на возраст од 41 година.

Од своето деби во К-1 организацијата во 1996 година па се до денес влезе во легендите. Во ММА постигна рекорд 31-11-2-1 НЦ, при што ја освои Големата награда на Прајд, а во кик бокс 23-8 со освојувањето на Големата награда на К-1.

Тешко е да се најде некој во историјата на боречките спортови кој се борел со посилни противници од Кро Кап. Во текот на кариерате во рингот влегуваше со Џером Ле Банер, три пати се бореше против Ернетсо Хуст, Питер Аертс, два пати против Реми Боњаски, Сем Грејс, Галубе Феитос, Мајк Бернард, Мусаши, Енди Хуг, Галубе Феитос , Марк Хант, Боб Сап, Пеј Сефо и Исмаил Лонд.

https://youtu.be/7sIDAmv3bks

Во ММА, исто така, се сретна со оние најдобрите, како Федор и Александар Емилијаненко, два пати со Силва Вондерлеј, Марк Хант, двапати со Фуџита, Сакураба, Игор Вовчанчин, Антонио Родриго Ногвера, Хит Херинг, Џош Барнет -три пати, Кевин Рандлмен- двапати, Марк Колман, Миноуаман, Алистер Оверем, Хонг Ман Чо, Френк Мир, Рој Нелсон и Габриел Гонзага -двапати.

Да се потсетиме на неговите најголеми моменти.

https://youtu.be/zczquwRSYGY

https://youtu.be/jAh9u9ako_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО