Украдени се шест појаси од Куќата на славните

Toni Zejl

Украдени се шест шампионски појаси на легендарни боксери од Куќата на славните во Канастота. Трофеите се сопственост на семејствата на Тони Зејл и Кармен Базилио и биле оставени за да може посетителите да уживаат во дел од историјата. Инцидентот се случил во текот на ноќта на 5 ноември. Алармот ја известила полицијата, која пристигнала две минути по алрмирањето. Крадецот веќе бил избеган, заедно со појасите.

Два од трофеите во средна категорија на Зејл се исчезнати, како четири на Базилио. Сите тие стоеле во заедничка излог во центарот на куќата.

Во Куќата на славните немало видео или фото надзор. Полицијата за помош контактирала со ФБИ.

„Прво не можев да поверувам, а потоа се налутив. Ова е нашето наследство. Не го даваме на никој“,- рече наследникот на Тони Зејл – Тед.

https://youtu.be/VQDfNoRmd4s

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО