Така се отвора шише! Макс Холовеј воодушеви на интернет со овој импресивен потег (ВИДЕО)

Макс Холовеј воодушеви со најновата интернет објава на социјалните мрежи каде што своите боречки вештини ги искористи на поинаков начин, но подеднакво импресивен начин.

Имено, шампионот на УФЦ во перолесна категорија успешно го заврши т.н. „Bottle Cap Challenge“. За што точно се работи? Судејќи според снимката, предизвикот се состои во тоа со кружен удар со нога од вртење да го одврти чепот (тапата) на празно стаклено шише, бидејќи токму тоа Хаваецоти го направи во ова видео објавено на неговиот профил на Инстаграм.

Холовеј го проследи предизвикот до гитаристот и пејач Џон Мајер и го покани познатиот музичар да дојде на Хаваи, ако не е способен сам да го испополни.

„Бидете љубопитни мои пријатели. Предизвикот е прифатен. Му го проследувам ова на Џон Мајер. Еј Џон, ако не можеш да го исполниш предизвикот Еролсон Хју и јас решивме дека по турнејата ќе мора да дојдеш на Хаваите и да удираш со нас се додека не успееш“, напиша Холовеј.

Споменатиот Еролсон Хју е американски дизајнер кој пред неколку дена успешно го изведе “Bottle Cap Challenge“.

И додека го чека одговорот на Мајер, Холовеј се подготвува за нова одбрана на појасот против Френки Едгар со кого ќе ги вкрсти ракавиците на 27 јули во главната борба на УФЦ 240 во канадскиот Едмонтон.

https://www.instagram.com/p/BzQsrP0h1Wp/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО