Емил Павлов остана без шанса во Минск да ја брани бронзата од Баку

Емил Павлов (-60 кг) е трети во Б групата во квалификациите на карате турнирот на Европските игри во Минск и остана без шанса да се бори за медал, така што и Макеоднија не освои одличје на вторите Европски игри.

Павлов кој беше во категоријата до 60 килограми во кумите се најде во тешката група Анџело Кресченцо од Италија, Илија Булатав од Белорусија и Азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев имаше една победа и дав нерешени резултати, што не беше довлно за полуфинале и обезбедување најмалку на бронзен медал.

Во првото коло Павлов ремизираше 0-0 против Кресченцо, потоа повторно беше нерешено 3-3 против Ферзалиев, но поради прв освоен поен победата припадна на Азербејџанецот. Инаку, Емил Павлов водеше со 3-1, но потоа му дозволи на противникот да изедначи (3-3). Во последното коло нашиот каратист славеше со 5-0 против Булатав, но тоа не беше доволно да биде меѓу првите двајца во групата, кои продолжуваат во полуфиналето.

Да потсетиме дека на првите игри во Баку – Азербејџан освоивме две бронзи, Емил Павлов и Мартин Несторовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО