Тајсон ќе стане член на Сојузот на руски писатели

Легендарниот боксер Мајк Тајсон ќе стане член на Сојузот на писателите на Русија, соопшти промоторот Владимир Хрјунов. Тоа ќе се случи на 27 октомври во Москва при промоцијата на книгата „Тајсон-Безмилосно вистина“.

Majk Tajson vo Sojuzot na ruskite pisateli

„На Мајк во отсуство ќе му биде врачена членската книшка на Сојузот на писателите на Русија“, соопшти Хрјунов. Самиот

Тајсон ќе ја посети Москва во ноември и ќе биде гостин на боксерска вечер во која ќе учествува и поранешниот светски шампион Руслан Проводников

Тајсон два пати добивал сертификат од Книгата на рекорди: „за најголем број брзи нокаути“ и за тоа што стана најмладиот светски шампион во бокс за професионалци во тешка категорија. Американецот во неколку наврати е прогласуван за „боксер на годината“. Вклучен во неколку куќи на славни боксери и се смета за еден од најдобрите боксери на нашето време за сите категории.Тајсон три години лежеше во затвор (1992-1995 година), за силување. Во 1997 година, за време на натпревар за светска титула, тој одгриза парче од увото на Ивандер Холифилд. Во 2005 година ја заврши професионалната боксерска кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО