Тројца кикбоксери во борба за медали на Европското првенство

По дождот доаѓа сонце, па така по почетните неуспеси на нашите репрезентативци на Европското првенство во кик бокс во Билбао, Шпанија, Мики Ивановски, Љупче Коцев и Алексанадар Димовски имаат шанса уште денес да обезбедат медали на ова првенство за Македонија.

Мики Ивановски
Мики Ивановски

Откако Ивановски во К-1 во категоријата до 81 килограм го победи Ендис Дингил од Турција  со 2-1, во една доста интересна борба со многу разменети удари, при што за цело време ја имаше иницијативата, тој во четвртфиналето треба да се сретне со Италјанецот Валерио Маси. И Љупче Коцев во лоу-кик до 54 килограми има четвртфинална борба против Армен Арутујанов од Русија. Се надеваме и на добар настап и на Александар Димовски во категоријата до 91 кг во лоу-кик и вклучување во борбата за медал.

Вчера, со судиска одлука Димитар Георгиев ја загуби борбата против Марион Маковеев од Бугарија во категоријата до 75 килограми во лоу кик на Европското првенство во кик бокс во Билбао, Шпанија. До последниот момент борбата беше нерешена, во последните секунди бугарскиот кикбоксер ја добива со еден поен. И вториот наш претставник, Александар Најдовски, не ја вкуси сласта на триумфот, бидејќи и тој е поразен од Артурс Озолинос од Латвија со 2-1, исто така и овој меч го одлучуваа нијанси.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО