Тајсон Фјури вели дека ќе се бори со Френсис Нгану

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, изјави дека може да се бори со Френсис Нгану Фјури вечерва го нокаутира Дилиeн Вајт во нивната борба на стадионот Вембли во Лондон.

„Ромскиот крал“ уште еднаш покажа дека е недостижен во боксот и ја забележа 32-та последователна победа. Веднаш по борбата во рингот излезе светскиот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану.

Тој и Фјури се гушнаа и најавија дека ќе се пресметаат. Неколку минути претходно, Фјури тврдеше дека и ветил на сопругата дека ќе се повлече од боксот. Не е јасно дали Тајсон е сериозен во оваа битка.

Нгану се инспирираше и рече дека оваа средба ќе покаже кој е најлошото копиле на светот. Френсис изјави и дека нивната борба ќе биде според правилата на боксот, но со ММА ракавици.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО