Џипси Кинг по мечот: И ветив на жена ми дека е готово

Светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија остана во сопственост на Тајсон Фјури. Британскиот боксер го победи Дилиен Вајт со нокаут во шестата рунда пред 94.000 гледачи на Вембли.

Џипси кинг ја оправда улогата на фаворит и водеше во рингот во текот на целата борба.

Во ниту еден момент Вајт не можеше да му се закани, а потоа на крајот од шесттата рунда блесна аперкат на Фјури за да го собори неговиот противник.

По втората одбрана на титулата, тој повтори дека тоа му е последен меч.

„Тоа е тоа, и кажав на жена ми дека е готово по третиот меч против Вајлдер. И тогаш ми понудија борба на Вембли, а тој меч им го должев на навивачите. Се повлекувам на некој начин. Мислам дека тоа беше мојот последен настап“, изјави Тајсон Фјури.

Непоразениот Џипси кинг извојува нова победа во својот двор пред распродадениот Вембли.

Тој истакна дека ова е последна борба во неговата кариера, но дека сепак ќе биде достапен за егзибициски борби.

Еден од тие судири би бил против Френсис Нгану, кој исто така се најде во аудиториумот на стадионот во Лондон.

Светскиот шампион веќе знаеше да каже дека неговата кариера нема да трае долго, но малку се оние кои веруваат во тоа пред да се обидат да ги обединат сите титули во тешка категорија.

Но, кој знае што ќе се случи по реваншот меѓу Александер Усик и Ентони Џошуа. Можеби Фјури и да се премисли?

Без разлика дали одлуката на Фјури е конечна или не, тој останува непоразен по саботниот меч.

Во професионалната кариера боксираше 33 борби и победи на 32, а еден меч заврши нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО