Тајсон Фјури проговори за можен меч против Френсис Нгану

Откако не успеа да обезбеди договор за борбите против Aлександaр Усик и Ентони Џошуа, шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, во последно време беше поврзуван со поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану.

Имено, Џипси Кинг бара противник откако во декември го победи Дерек Чисора.

Навивачите на боксот се надеваа на меч за обединување во тешка категорија, но Усик се повлече од преговорите, обвинувајќи го Фјури за застој во разговорите. Британците постојано наметнуваа некои нови услови.

Фјури сака да се врати во рингот во септември, а неговиот меч против Нгану повторно стана актуелен во последните недели.

„Многу се зборуваше за борбата меѓу мене и Нгану, тој сака да боксира“, изјави Тајсон Фјури за „Out of Interest Podcast“ за време на неговото неодамнешно патување во Австралија, додавајќи:

„Френсис сака да се бори со мене, кажува секакви работи на Инстаграм, дури беше и на една од моите последни борбии. Влезе во рингот и побара натпревар. Тој меч е можен, а добивме многу понуди од Блискиот Исток кои сакаат да ја организираат таа борба ова лето“.

Но, промоторот на Фјури, Френк Ворен, претходно изјави дека шампионот на ВБЦ ќе ја има следната борба во Обединетото Кралство и тоа ќе биде нешто посебно.

И Нгану сака што поскоро да ги тестира своите боксерски вештини. Камерунецот дури ја одложи својата прва ММА борба во ПФЛ до 2024 година со надеж дека ќе боксира против сериозен противник.

Тајсон Фјури нема намера да влезе во октагонот и да направи ММА борба.

„Не сакам да се тркалам во октагонот потејќи се со некој. Заработувам многу пари во боксерскиот ринг, па ако некој сака да се бори со шампион и да заработи добри пари, предлагам да стави боксерски ракавици и да дојде во мојот ринг. Сигурно ќе ја заработите најголемата плата во кариерата“, подвлече Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО