Тајсон Фјури планира најмалку уште 10 борби пред да се пензионира

Тајсон Фјури призна дека сега не е време да ја заврши боксерската кариера и дури најави за ЕСПН дека ќе го обнови договорот со Квинсбери промоцијата за уште 10 борби.

„Планирам повторно да потпишам уште за 10 меча по Усик. Боксот е дефинитивно поинтересен кога сум во него. Тешко му кога ќе го оставам“, рече „Ромскиот крал“.

Британецот двапати се обиде да се пензионира, еден принуден по успехот над Владимир Кличко, а вториот се чинеше дека е дел од шоуто по трилогијата со Дионтеј Вајлдер. Сега има една недела до средбата со Френсис Нгану, а планот е да се бори за неприкосновената титула со Александар Усик во декември или јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО