Тајсон Фјури: Не сум како Џошуа, подготвен сум за борба со Вајлдер во САД (ВИДЕО)

Тајсон Фјури е разочаран од однесувањето на Ентони Џошуа и го обвини дека бега од шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

Фјури изјави дека не е како исплашениот Џошуа, туку е подготвен да оди во САД и да се бори со Дионтеј Вајлдер, бидејќи тоа ќе биде големо постигнување ако забележи победа против Вајлдер во неговата татковина.

„Тажни времиња настапија во тешка категорија, бидејќи имаме голем шампион и златно момче – Ентони Џошуа, кој по секоја цена го избегнува Дионтеј Вајлдер. Ако не сакаш да се бориш со него за 40 милиони долари, тогаш нема да боксираш со него за ништо и тоа е срамно за спортот. Мислам дека е време некој да се осмели да преземе ризик и да не му е страв да отиде во дворот на Вајлдер, за да се бори со него. Може да си замислите што ќе се случи ако одтидам во Америка и го победам Дионтеј Вајлдер, а го победив и Кличко во Германија? Тоа ќе биде голема сензација и можеби ќе се случи. Чекајте новини“!

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО