Никита Крилов се враќа во УФЦ за да ја засили полутешката категорија

Никита Крилов (24-5, 6-3 УФЦ) ќе се врати во УФЦ за да ја засили полутешката категорија.

26-годишниот Украинец за американската промоција дебитираше во 2013 година, а  изненадувачки ја напушти по поразот на Миша Циркунов во декември 2016 година.

Оттогаш настапуваше за ФНГ. забележа четири победи (Маро Перак, Стипе Бекавац, Емануел Њутон, Фабио Малдонадо) и ја освои титулата на Фајт најтс Глобал во полутешка категорија. Би требало да се врати на настанот на УФЦ во Москва во септември.

Информацијата ја сподели претседателот на ФНГ, Камил Гаџиев, кој додаде дека за УФЦ се подготвува и непоразен Сергеј Павлович (12-0).

Да додадеме дека некое време кружат гласини за проблемите на ФНГ и можно гасење на водечката руска ММА промоција.

https://youtu.be/iAWjhoHCsxY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО