Тајсон Фјури најави враќање во рингот, но не е сигурен дека тоа ќе биде против Александр Усик

Британскиот боксер и шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури во април го победи Дилиен Вајт, а потоа неколку пати потврди дека се пензионирал.

Од изјавата што ја даде за БТ Спорт во саботата може да се заклучи дека сака да се врати во рингот.

Патем, Кралот на Ромите му рекол на Александр Усик, кој бара меч за апсолутниот шампион на светот:

„Најди си ги мадињата и дојди да ме видиш“.

Украинецот го победи Ентони Џошуа во неодамнешниот реванш и ги одбрани шампионските титули во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

По мечот го прозва Тајсон Фјури и побара меч за апсолутниот светски шампион.

Според некои информации, потенцијална борба за обединување на титулите е планирана на 17 декември во Саудиска Арабија, само еден ден по финалето на Светското првенство во Катар.

Но, Фјури тврди дека Усик не сака да се бори со него до крајот на годината.

„Видов видео од борец во средна категорија (Усик) кој победи бодибилдер (Џошуа) сакајќи да се бори со мене. По борбата ми се јави. Веднаш му одговорив, а неодамна повторно го направив тоа. И сега слушам дека не сака да се бори“, – рече Тајсон Фјури и продолжи:

„Постојано кажува нешто и исплашено трча наоколу. Вели дека сака да се бори следната година, по тој спаринг се повреди. Навистина не можам да направам многу за тоа“.

Фјури никогаш не загубил меч во текот на професионалната кариера, има 32 победи и нерешен резултат. Кралот на Ромите потврди дека се враќа во рингот:

„Наскоро повторно ќе се борам, но се уште бараме противник“.

И додека сите нетрпеливо ја чекаат веста дека е договорен мечот за обединување на титулитеа, Кралот на Ромите не е сигурен дека Усик ќе биде неговиот следен противник.

„Ќе се борам во следните неколку месеци овде во Велика Британија. Усик нема да биде подготвен, не сака да се бори. Мојот промотор Френк Ворен ќе ми најде противник против кој ќе го бранам мојот ВБЦ појас“, рече Тајсон Фјури и подвлече:

„Искрено, многу би сакал да се борам со тој борец во средна категорија, бидејќи тоа би бил најлесниот меч за мене. Никогаш не ме интересираше да се борам за апсолутен светски шампион. Меѓутоа, ако го имате него, напумпан боксер во средна категорија, за кого луѓето мислат дека е одличен боксер, што навистина не го ценам, тогаш тоа е борба за заработка. И тоа е мечот што луѓето сакаат да го видат во моментов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО