Сетрите Теа и Теона Нстоски се закитија со злато и бронза на „Алексинац 2022“

Вчера на Меѓународниот џудо турнир „Алексинац -2022“ во Алексинац, Србија, Сеишин настапи во кадетска конкуренција со 6 натпреварувачи, притоа освои два медала: Теа Настоска (-40 кг) златен и Теона Настоска (-44 кг) бронзен медал.

Останатите натпреварувачи во силна конкуренција прикажале одлични борби, но не успеале да изборат место на пиедесталот.

На турнирот учествуваа вкупно околу 420 натпреварувачи од 55 клубови и 7 држави.

Со ова ЏК Сеишин-Прилеп ја започна втората полусезона настапи на меѓународната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО