Тајсон Фјури: Ќе се обложам на милион дека Вајлдер ќе го нокаутира Џошуа

Британскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, зборува за потенцијална борба меѓу неговиот сонародник Ентони Џошуа (24-3, 22 КО) и Американецот Дiiонтеј Вајлдер (43-2-1, 42 КО).

За ваква битка се зборува во последно време. Еди Херн неодамна изјави дека Џошуа и Вајлдер сакаат борба во 2023 година. Со години фановите сакаа да видат ваква борба, но тоа никогаш не се случи.

Сега има добри изгледи за ваков меч, а Фјури се обложува во милион дека Вајлдер ќе добие нокаут.

„Би сакал да ја видам оваа борба, но мислам дека Џошуа нема храброст да го направи тоа. Само не мислам дека тој ќе се бори со борец кој може да го нокаутира. Ова е мое лично мислење. Вајлдер без сомнение ќе го нокаутира Џошуа.

И јас сум подготвен да се обложам на милион долари на тоа со кој било. По еден милион од секого. Вајлдер нема да има проблем да го нокаутира“, изјави Фјури во интервју за Јутјуб каналот Behind The Gloves.

Тајсон се враќа за неколку дена да се бори со Дерек Чисора во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО