Понзинибио до Канело: Остави го Лео Меси и бори се против мене!

Конфликтот меѓу Сол Алварез и ѕвездата на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси продолжува да се разгорува.

Потсетуваме, по победата во мечот против Мексико (2-0) се појави видео од аргентинската соблекувална. Се испостави дека во налет на силна радост Меси го згазна дресот на мексиканската репрезентација, кој лежеше на подот.

Штом боксерот со прекар Канело ја виде оваа акција, веднаш избувна. Алварез упати сериозна закана до легендарниот Аргентинец.

„Нека се моли на Бога да не го најдам! Го видовте ли Меси како го брише подот со нашата маица и знаме? Како што Аргентина мора да го почитува Мексико, така и ние мора да ја почитуваме Аргентина!

Не зборувам за земјата, зборувам за Меси и тоа што го направи. Бидејќи дресот на Мексико е на подот, тоа веќе е навреда, престанете да се глупирате, да се расправате дали било тоа или не“, напиша Алварез на социјалните мрежи.

Неколку познати фудбалери веднаш застанаа во одбрана на Меси, меѓу кои и Сеск Фабрегас и Серхио Агуеро. Тие се обидоа да му објаснат на Алварез дека фрлената маица на подот е апсолутно нормална во фудбалските соблекувални.

Андрес Гвадрадо, капитенот на мексиканската репрезентација се обиде да го убеди боксерот во невиноста на Лионел. Всушност, токму неговиот дрес на Меси го „згази“, уживајќи во најважната победа во групната фаза на Мундијалот.

Канело цврсто верува дека се обиделе да ја понижат неговата земја и сега сака да се одмазди. Но, да им се закануваш на фудбалерите е едно, а да се спротивставиш на ММА борец е сосема друго. Алварез ќе мора да помине преку Сантијаго Понзинибио за да дојде до Меси.

„Бев лут. Нема смисла да му се заканува на Меси. Сите го знаат Лео. А ако Алварез не знае, тогаш не треба да каже ништо. Нормално е играчите да ги пуштат дресовите на подот, бидејќи се облеани во пот .

Немаше ништо непочитување во неговите постапки. Секој кој го познава Меси знае дека тој е беспрекорен и почитуван спортист. Лео имаше одличен натпревар. Брат, ако сакаш да се бориш, подготвен сум, но остави го Меси на мира.

Ако се плеткаш со него, се плеткаш со цела Аргентина“, изјави Понзинибио за ММА фајтинг.

Понзинибио е борец на УФЦ кој се бори на најголемата ММА промоција во светот од 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО