Тајсон Фјури до Усик: Големите шкембари јадат зајаци!

ВБЦ шампионот во тешка категорија Тајсон Фјури (33-0) му одговори на шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик (20-0). Усик во последно време го исмева „Кралот на Ромите“ поради неговото шкембе.

Фјури, пак, му се обраќа на Усик, нарекувајќи го зајак. Во моментов се водат интензивни преговори за борбата меѓу нив. Нивната средба најверојатно ќе се одржи во Лондон или Саудиска Арабија.

За жал, двајцата не можат да се договорат за поделбата на парите. Со тоа се оневозможува борбата да биде официјално објавена. Фјури се закани дека ќе го изеде Усик во борбата што ќе го прозуцира неприкосновениот шампион во тешка категорија.

„Имам голем стомак, а големите стомаци јадат зајаци. Така ќе правам, ќе го јадам. Прво да се бориме.

Нема смисла да зборуваме валкано додека не се објави борбата. Кога ќе се договориме, тогаш ќе почнеме да разговараме“, изјави Фјури за Токспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО