Таеквондистите од Охрид и Лескоец порано се радуваа на бронзени медали, а во Лозница освоија неколку први места

Antonio Janeski taekvondo itf

Таеквондо клубовите Хва ранг ИТФ од Лескоец, Хваранг фист и Мастер од Охрид викендов на Меѓународниот теквондо ИТФ  тунрир „Лозница 2015“ – Лозница, Србија, освоија грст медали.

Taekvondo treti vo Loznica

Елена Јанеска се закити со злато во категорија девојчина до 10 години – 40 кг, елиминираjќи ги претставничките на Словенија и Србија.

Во истата конкуренција -30 кг, браќата Марио и Давид Крстески го поделија 3 место, кои во елиминации ги совладаа претставниците на Словенија и Босна, но за жал полуфиналните борби ги загубија  со одлука на судиите, кои по малку му кумуваа на конечниот исход. И покрај тоа, тренерот Марјанчо Лазаревски вели дека е презадоволен од нивниот прв настап.

Taekvondo prva vo Loznica

Филип Јосифоски, кој е моментално и најдобар  борец од Македонија, освои 4 медали, 2 златни и 2 бронзени, што го прави моментално најтрофеен македонски борец. Во форми за црн појас I дан јуниори, го освои 3 место, во форми црн појас I дан сениори, исто така беше трет, но затоа во спаринг борби – 64 јуниори се позлати, каде што во финалето се сретна со Александар Јованоски, кој е исто така е натпреварувач од Македонија. Тренерите ова го сметаа за најголем успех на овај турнир, зашто се гледало македонско финале. Исто така освои злато и во спаринг борби јуниори -63 кг, каде што Филип за противник го имаше Адам Херцог, хрватски репрезентативец, кој загуби од нашиот натпреварувач и во финалето на турнирот во Кула , кое било изденачено, во Лозница Филип доминирал, при што борбата ја завршил атрактивно.

Aco Josifovski taekvondo prv vo loznica

Александар Јованоски освоил 3 медали, 2 сребрени и 1 бронзен, Во дисциплината форми  јуниори до син појас го освоил 3 место како и во сениорска конкуренција, а во спаринг борби -64 сениори е втор, губејќи го финалето од Филип, додека во јуниори -63 кг, испаѓа во елиминации од претсавникот од Босна. Според зборовите на тренерот, тоа било последица на настинката на Алекснадар, кој последната недела ја поминал без тренинг.

hva rang so medali od loznica

Други освојувачи на медали се:

Давид Велковски – 2 место  борби спаринг -50 кг деца  12-13 год.

Антонио Јанески – 3 место борби -45 кг деца 12-13 год

Јане Димов – 3 место борби +60 кг деца 12-13 год

Михаил Иваноски – 3 место борби -45 кг деца до 10  год

Дејан Латинокси – 3 место борби +60 кг деца 12-13 год

Христијан Митрески – 3 место форми зелен појас  деца 12-13 год

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО