Металург и во Плеј- офот сигурен, каратистките на Макпетрол на победничките патеки, Ронин доминира во кати

Metalurg ekipno po Drzavnoto prvenstvo za kadeti juniori i....

На Плеј-оф натпреварот на Карате федерацијата на Македонија за избор на составот на репрезентацијата за Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 идната година фаворитите го опрвадаа овој епитет.

Veronika Kostovska na Drvzavno mavasi 22.11.2015
Екипата на Металург и во Плеј-офот беше најдобра со 17 пласмани меѓу првите три (12-2-3), Ронин е втор со скор 9 (3-3-3), па следуваат Галдијатор 5 (3-2-0), Форца 4 (3-0-1) и Макпетрол 6 (2-3-1).

Макпетрол си ги поврати позициите во женска конкуренција, а кај Металург потфрли Стефан Костиќ.
Во кати за јуниори победија тимовите на Ронин (жени) и Галдијатор (мажи). Најдобри резултати по категории во кадетска конкуренција во борби направија: Вегим Мурати + 70, Филип Несторовски -70, Бојан Димов -63, Глигор Петков -57, Љирим Емини -52.
Емини го направи најголемото изнедаување во оваа конкуренција, бидејќи го совлада учесникот на СП во Индонезија и државен првак, Фаик Весели.
Кај кадетките првите места ги освоија: Сајра Морина +54 кг, Вјолца гафури -54 и Верона Ајдини -47.
Во оваа конкуренција во кати поединечно триумфираа: Абдурахим Идризи (мажи) и Киријана Камческа (жени).
Машката екипа на Металург беше најдобра кај мажите, а женската на Макпетрол кај жените во борби екипно за јуниори.
Петар Спасеновски +76, Доан Османи -76, Стефан Апостоловски -68, Роберто Ацковски -61 и Драган Веселинов – 55 кг беа најдобри кај јуниорите, додека Ангела Мојсовска +59, Сара Крстевска -59, Вероника Костовска – 53 и Драгана Манговска -48 триумфираа кај јуниорките.
Во кати во оваа конкуренција први се Маријана Димоска и Реџеп Мустафовски.
Кај јуниорите до 21 година победија Семир Ќосовиќ +84, Виктор Крстевски -84, Азис Исмаил -75, Адил Мехмед -67 и Мартин Стојменов -60, а кај девојките славеа Даргана Тодорова +68, Марија Василева -68, Сара Симоноска -61, Јована Георгиева – 55 и Христина Ристиќ -50.

Adil i Martin
Мартин Стојменов во последните секунди го реши мечот во своја корист, бидејќи противникот му водеше со 4-1 и на крајот победи со 5-4.
Во кати немаше изненадување, триумфираа Фери Исиќ и Маја Војдиновска.

Сепак, последниот филтер за место во репрезентацијата ќе биде Балканското првенство во Дубровник-Хрватска, за две недели.

Плеј-оф турнир за кадети, јуниори и јуниори 21.

Плеј-оф турнир за кадети, јуниори и јуниори 21, косистеми

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО