Судиите не сакаа да го видат ипонот на Емил Павлов, сите се држеа за глава (ВИДЕО)

Дали судиите му го украдоа трето европско финале на Емил Павлов!?

Според снимакта што ја пуштија од нашиот табор, се гледа дека Павлов во последните моменти понетира со преден маваши гери во главта, тоа значи чист ипон, односно три поени и победа од 3-2. Тренерот на репрезнетацијата и другите од нашиот тим се фаќаа за глава откако судиите не го досудија овој поен во средбата со Русинот Евгени Плахутин.

„Иако очекував злато, ќе се борам со Романецот Гогологаси. Ќе дадам се од себе да го победам и да го освојам третото место. Сепак, тоа ќе претставува голем успех“, изјави Павлов.

Да потсетиме дека најдобриот спортист на Македонија за 2018 година два пати беше европски шампион, во 2014 година во Тампере – Финска и минатата година во Нови Сад, Србија, а во 2016 година во Монпелје-Франција, освои бронзен медал.

https://www.facebook.com/stipskiasovi/videos/400351603876906/

Борбите за бронзени медали се во сабота од 9.30 до 11.30 часот, кои ќе се пренесуваат во живо на karateworld.tv каде што ќе настапат Павлов и Јованоска.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО