Вајлдер: Го разбирам Фјури – јас сум голем ризик за неговото здравје и кариерата

Иако беа блиску до договор за реваншот Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури тргнаа секој по својот пат.

30-годишниот Британец го откажа новиот меч со шампионот на ВБЦ, откако потпиша договор со Топ ранг и ЕСПН кој ќе му донесе повеќе од 100 милиони американски долари.

Првата борба во декември заврши со контроверзен нерешен резултат, а повеќето набљудувачи се согласуваат дека, Иако Фјури двапати беше на подот, во текот на борбата требало повторно да стане светски шампион во тешка категорија.

Вајлдер на 18 мај ќе се бори против задолжителниот предизвикувач Доминик Бризил, додека Фјури во своето деби во Лас Вегас на 15 јуни силите ќе ги одмери со Германецот Том Шварц.

„Разговаравме и рече дека сака борба. Тоа се случи туку така. Не морав да се борам со Фјури, но сакав да се борам со најдобрите. Не се сомневајте во мене кога велам дека сакам да ги отфрлам сите сомнежи“, изјави 33-годишниот Американец.

„Сакав да и ја дадам таа борба на навивачите. Сакав да докажам дека сум најдобар. Не гледам ништо лошо во тоа. Луѓето кои не сакаат да го видат тоа не се љубители на боксот, тие се тука само да предизвикуваат хаос“.

„Не можам да ги контролирам тие момци и патот кој тие го одбираат во животот. Тие ќе го изберат она што е најдобро за нив и нивната кариера. Јас сум во ризик, висок ризик. Јас сум голем ризик за здравјето и кариерата на сите“.

„Кога одолговелкуваа една недела откако го добија договорот, знаев дека нешто се подготвува. Мојот менаџер Шели рече: Не одговораат на телефонот, можеби ќе се појават. Со оглед на тоа што Шели и Френк Ворен (промоторот на Фјури) се пријатели, знаевме дека нешто не е во ред. Но сега се е добро“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО