Страотен скандал во УФЦ, Марк Хант е тргнат изземен од борбата поради една статија

Страотен скандал се случи во УФЦ откако Марк Хант беше отстранет од мечот со Марчин Тибура кој требаше да се одржи на 19 ноември. Новозеландецот побесна од одлуката и го нарече шефот на организацијата Дана Вајт ќелав мрзливец.

Официјалниот аргумент за иземање на ветеранот од дуелот е статија. Во неа тој е цитиран како вели дека „веројатно ќе умрам додека се борам… Моето тело е заебано, но јас уште сум таму“.

Хант смета дека бил отстранет заради личната позиција на Дана Вајт спрема него.

„Секогаш овие момци мора да бидат заштитени од самите себе. Токму тоа го направивме во овој случај. Тој вели дека секогаш сум го мразел. Но, тоа не е така. Никогаш не сум иницирал такви чувства спрема него. Тој многу убаво го знае тоа. Секогаш меѓу нас се беше во ред. Дури и сега не очекувам извинување од него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО