Фјури три пати ќе се бори во 2018 година

Тајсон Фјури рече дека ќе се бори три пати во 2018 година. Тој ја објави веста на „Твитер“.

„Мојата прва борба ќе биде во април, а на лето ќе има супер меч. Потоа уште еден на крајот на годината“, рече поранешниот светски шампион во тешка категорија.

Последниот меч на Англичанецот беше на крајот на 2015 година. Тогаш изненадувачки го совлада Владимир Кличко. Требаше да имаат реванш, но средбата не се одржа поради менталните проблеми на Фјури. Британецот треба да реши уште еден многу сериозен проблем, односно да оди на сослушување за употреба на допинг средства.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО