Џошуа ќе заработи четири пати повеќе од Пулев

Познато е колку Ентони Џошуа ќе заработи за одбраната титулите на ИБФ, ВБА и ИБО против Кубрат Пулев.

27-годишниот Англичанец ќе добие 20 милиони долари за четвртата одбрана на светската титула во тешка категорија, објави Express.co.uk.

Не пројде лошо и бугарскиот предизвикувач. Тој ќе добие 5 милиони долари, што ќе му биде негова најголема заработувачка во кариерата. Ако знае дека шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер се бори околу еден и пол милион, се гледа колку добро поминал.

Мечот ќе се одржи на 28 октомври на стадионот во Кардиф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО