Стошиќ во пресрет на мечот против Кита: Не заслужи реванш, но никој не сака да се бори со мене (ВИДЕО)

Дарко Стошиќ (16-5) се бори во сабота на настанот КСВ 74 против Михал Кита (21-14-1). Тоа ќе биде нивен втор меч.

Пред нешто повеќе од една година српскиот борец го совлада Полјакот со прекин во првата рунда.

Стошиќ смета дека Кита не заслужува реванш.

„Кита не заслужи реванш, но знам дека е тешко да се најде противник, бидејќи никој не сака да се бори со мене“, изјави Дарко Стошиќ и додаде:

„Тој е единствениот кој сака да се бори со кого било и затоа го прифати тој меч“.

Полскиот борец тврди дека Дарко го победил со „среќен удар“, на што Дарко одговори дека го чека истото сценарио како и на првиот меч:

„Чекав прилика и го погодив со чист удар, а тоа се случи на крајот од првата рунда“.

Погледнете ја најавата за пресметката меѓу Стошиќ и Кита:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО