Чарлс Оливеира: Борбата со Мек Грегор е попрофитабилна отколку со Хабиб

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, бразилскиот борец, Чарлс Оливеира, зборуваше за неговата подготвеност да се бори со Конор Мек Грегор во секое време. Оливеира е свесен дека борбата со поранешниот двократен шампион ќе му ја наполни банкарската сметка.

Од друга страна, пресметката со Хабиб Нурмагомедов во однос на парите, предизвикува прашања кај Оливеира. „Орелот“ е во пензија веќе две години, но тоа не го спречува Чарлс да зборува за Дагестанецот и да ја планира својата иднина.

Оливеира се враќа во октомври за да се бори со Ислам Махачев на УФЦ 280 во Абу Даби. Во прашање е слободната титула во лесна категорија. Ако Чарлс повторно ја освои титулата, сигурно ќе сака да влезе во кафезот со Мек Грегор за да ги зграпчи милионите.

„Сите зборуваат дека Конор веќе се опорави од повредата. Добро, но колку пари ќе ми стави на мојата банкарска сметка? Би се борел со Мек Грегор во секое време, бидејќи сите знаат дека ќе има многу пари во таква борба.

А што ако се врати Хабиб Нурмагомедов? Колку пари ќе ми донесе ваква борба? Колку платени гледања ќе се продадат во таква борба?“, рече Оливеира на каналот „Flow Podcast“ на Јутјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО